Вести
Второ место за РК Алкалоид на турнирот во Струга
РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 20-25 (11-12)
Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Душко Камишевски
РК Алкалоид: Ромеро (8 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Маркоски 1, Стојков 1, Младеновиќ 1, Серафимов 8, Стојчевиќ, Стојковиќ 2, Митев 2, Ѓоргиев 3, Велковски, Омерагиќ, Бинго, Кофилоски, Савревски 1
РК Вардар 1961: Томовски (12 одб), Јагуриноски 1, Аларов, Георгиевски 1, Карапалески, Ансер, Лазаревски 2, Срдановиќ 14, Николиќ 1, Петриќ 2, Ѓукиќ, Алонсо, Мело, Мишевски, Гогов, Јашухира 4
РК Алкалоид го освои второто место на Меѓународниот турнир во Струга, на кој учествува по втор пат. Во финалето кое се играше и на отвореното игралиште и од каде поради дожд се премести во сала, нашиот тим се сретна со екипата на РК Вардар 1961.
Натпреварот беше израмнет во целиот тек и ниту една екипа не успеа да направи водство поголемо од два гола разлика, сѐ до последните две минути.
РК Алкалоид го диктираше резултатот во воведните минути, но противникот успеа да направи мини серија и да поведе со 7-5 пред мечот да биде прекинат.
По повеќе од половина час прекин средбата продолжи во сала, а на полувреме резултатот беше 11-12.
Нашиот тим подобро отвори и во вториот дел и премина во водство 13-12. Потоа се играше израмнето, гол за гол, а во самиот финиш, при негатива од 20-21 не реализиравме чисти ситуации и како епилог на тоа мечот заврши со резултат 20-25.
Натпреварите на турнирот во Струга беа први контролни натпревари за нашиот тим во подготовките. Продолжуваме со тест средби што овој пат ќе ги играме во Хрватска, против најдобрите хрватски екипи.