РК Мулти Есенс во сезона 2024/2025 ќе се натпреварува во Кадетското првенство на Македонија. Овој шампионат се игра со ракометари од генерацијата 2008 и помлади.
Во првенството се пријавени 20 екипи и тие се поделени во две групи од по 10 екипи што ќе играат меѓусебе дома и на гости. Откако ќе заврши овој дел од првенството, најдобрите четири екипи од двете групи ќе вкрстат во елиминации. Ќе играат А1-Б4, А2-Б3, Б1-А4, Б2-А3.
Победниците продолжуваат во полуфинале (Фајналфор) а паровите ќе бидат одредени со ждрепка.