КЛ7 Академии

РАКОМЕТНА ШКОЛА АЛКАЛОИД КЛ7 КОЧАНИ

Тренер

Евица Стојанова

Евица Стојанова – родена 1980 година во Прилеп, живее во општина Чешиново – Облешево, Кочани. 10 години активен играч во неколку клубови во Македонија на позиција десно крило. Од 2017 година до денес е тренер во школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” Чешиново – Облешево. Паралелно и тренер на ракометен камп “Кирил Лазаров 7”. Имам добиено меѓународно призната диплома за тренер трет степен преку РФМ, EHF, во соработка со здружение на тренери на Македонија и принципите на РИНК конвенцијата. 2021-2022 натпреварувачка сезона во пионерска и кадетска категорија, тренер на ЖРК “Брегалница плус” – Делчево. Задоволството е мое што ја имам таа чест да бидам дел од тренерскиот тим на “РК Кирил Лазаров 7”, што ја имам довербата од човекот кој е поим во ракометот, да го пренесам моето знаење на младите и од скалило на скалило да создаваме квалитетни играчи. Благодет е да се работи со деца, затоа што детската насмевка е непроценливо нешто што ја полни душата, а мојата душа е полна со секој нов тренинг и едноставно уживам заедно со моите идни ракометари.

Контакт

071 632 714 ekot.stojanova@gmail.com Спортска Сала "Никола Карев" Облешево, Општина Чешиново Облешево Понеделник, Среда, Петок од 17-19 часот