Методија Петлески – роден 18.07.1984 во Прилеп својата ракометна кариера ја започнува на 15-та годишна воздраст (1999год.) како лево крило во локалниот ракометен клуб “РК Тутунски Комбинат” - Прилеп до 2003 год. По средното училиште заминува од “РК Тутунски Комбинат”- Прилеп и преминува да игра за " РК Вардар" - Скопје. Во тоа време тренерот на националниот тим го повикува да игра за репрезентацијата на Македонија. Со репрезентацијата игра на Европското ракометно првенство во Рига, Латвија.