Вести

РК Мулти Есенс пропушти шанса за победа

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 28-33 (16-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиески 3. Делегат: Ацо Николовски
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Василевски, Димевски 1, Костовски 2, Илиески, Петковски, Д. Узунчев 8, Петрески 1, Трајчев, Омерагиќ, Трајковски, Ѓорѓиевски, Тодески 1, Димовски 5, Јорданов 4, Карасманакис 3
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 14 мин.
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Стојаноски, Субашевски 3, Андревски, Пејковски, Стојановски, Георгиевски 6, Николов 6, Крстевски 1, Иваниќ 6, Спасовски 4, Бошковски 1, Блажевски 1, Јефиќ 4, Михајловиќ, Цветковски, Давитковски 1
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 6 мин

РК Мулти Есенс не успеа да освои бодови на вечерашниот трет суперлигашки настап, на кој гостин во „Автокоманда“ беше екипата на РК Бутел Скопје.
Нашиот млад тим имаше добро отворање на натпреварот и одлични 20-тина минути во првиот дел, но потоа работите тргнаа во спротивен правец.


РК Мулти Есенс по воведните минути во кои се играше гол за гол, успеа со серија од 4-0, за поведе со 10-7. Потоа постојано имаше водство кое максимално изнесуваше 15-10.
Хендикеп за нашиот состав беше повредата на левиот бек Теодор Тодески кој беше фаулиран додека беше во скок и изместен од рамнотежа по што незгодно падна и за него натпреварот беше завршен.


Гостите во игра се вратија по едно од многуте исклучувања во тимот на РК Мулти Есенс и од 10-15 на полувреме стигнаа до 16-16.
Поголемото искуство акумулирано во гостинскиот тим до израз дојде во второто полувреме во кое резултатски клучен период беше од 20-21 следеше мини серија за 21-25 по што одново искуството решаваше за развојот на настаните до конечните 28-33.