Вести

Уште една убедлива победа на РК Алкалоид

-->

АЛКАЛОИД – КУМАНОВО  47-16 (20-8)


Сала:„Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат: Душко Камишевски


Алкалоид: Цветковски, Димевски 3, Маркоски 1, Стојков 5, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Митев 4, Ѓоргиев 3, Иваноски 4, Симоноски 3, Трајковски, Тодески 3, Кофилоски 11, Петковски 3
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.


Куманово: Кимевски, Мрвовиќ 5, Димитров 3, Кузмановски, Петковски, Миладиновски 2 Цветковски, Постоловски 2, Коловски 2, Трајчевски 2, Михјаловски
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 14 мин.

Алкалоид запиша уште една победа во која постигна над 35 погодоци. Екипата на Куманово беше гостин во Скопје, на натпревар што заврши со висока победа на Алкалоид од дури 31 гол разлика (47-16). 
Гостинскиот состав релативно добро се бранеше на почетокот на натпреварот, до резултат 6-5. Потоа почна доминација на РК Алкалоид што во првиот бран траше со резултат 16-6. Не се промени сликата и во продолжение, доминацијата траеше до крајот на натпреварот, а беше изразена со долги серии во кои крилото Дарио Кофилоски постигна 11 погодоци.