ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Акционерското друштво за спортски дејност РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје (во натамошниот текст: АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје), ги собира од Вас при посета на Спортската сала и како АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје ги користи овие податоци.
Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини (цели):
заштита на животот и здравјето на посетителите, спортистите и другите категории на субјекти
заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата,
обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето во и од Спортската сала на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје и
заштита на имотот/сопственоста.
Подетално, видео надзорот се врши заради остварување на повисок степен на безбедност на вработените, посетителите, спортистите и другите категории на субјекти и имотот на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, односно заштита на сопственоста и интегритетот на вработените, посетителите, спортистите и другите категории на субјекти од противправни дејствија и други безбедностни ризици со различен степен на веројатност и сериозност, особено при одржување на натпревари.
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци (Во исклучителни околности, податоците можат да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, се поставени и фокусирани така што ги снимаат:
лица кои ќе пристапат во Спортската сала и
имотот во Спортската сала.
Системот со видеонадзор ги опфаќа приземјето и првиот кат од Спортската сала, при што се снимаат влезовите/излезите од Спортската сала, мониторинг салата, теренот и трибината.
Какви податоци собира АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје?
АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје собира само слики фатени на камерите, при шти не се врши тонско снимање.
Кој е одговорен за обработката на податоците?
AД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Милош Милошевски е лице за контакт и е одговорен за видео надзорот.
Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката на личните податоци што се собираат преку системот за вршење на видео надзор е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Правна основа за обработка на лични податоци преку системот за вршење на видео надзор е легитимниот интерес на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје за заштита на животот и здравјето на субјектите и за заштита на имотот, кој превагнува над правата и слободите на вработените, посетителите, спортистите и другите категории на субјекти.
Во Спортската сала има видливи и јасно истакнати известувања за видео надзорот. Известувањата им овозможуваат на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, како контролор кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.
Кој може да ги види Вашите лични податоци?
До видео записите може да пристапи само овластенo лице за видео надзор. Пристапот до серверот, мрежниот видео рекордер (NVR) и работната станица на која се поврзани мониторите на кои се следи видео надзорот е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или активност од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на извршниот директор на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје.
Како да ги контролирате Вашите податоци?
Може да испратите барање на е-пошта на dpo@alkaloid.com.mk, или преку пошта на адреса: АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци.
Дали може да пристапите до Вашите лични податоци?
Вие имате право да пристапите до Вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање преку пошта до: АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mk .
Дали можете да ги менувате Вашите лични податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Дали можете да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање преку пошта до: АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mк, кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје повеќе на му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Дали можете да ги избришете Вашите лични податоци?
Вие имате право да ги избришете Вашите податоци во секое време со испраќање на барање преку пошта до: АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mk, кога обработката е незаконска.
Дали ги споделуваме Вашите лични податоци со други лица?
Вашите лични податоци се чуваат во АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ СКОПЈЕ, освен ако не побарате од АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ СКОПЈЕ или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Дали имате право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во било кое време со испраќање на барање преку пошта до: АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mк, кога имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација. .
Што можете да направите во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје со испраќање е-пошта на handballclub@alkaloid.com.mk и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на dpo@alkaloid.com.mk
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Кога ќе започне обработката на Вашите лични податоци преку системот за видео надзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ја посетите Спортската сала на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ СКОПЈЕ каде што е поставен видео надзорот.
Безбедност на личните податоци.
АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје е посветен на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат Вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме Вашите податоци на компјутерски систем со ограничен пристап и во контролирана околина.
Колку долго ги чуваме Вашите податоци?
АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје ќе ги чува Вашите лични податоци максимално до 30 (триесет) календарски денови по Вашата посета на Спортската сала, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.