Вести

Убедлива победа на РК Алкалоид над РК Вардар Неготино

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР (Н)   40-16 (18-9)


Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Драган Начевски
РК Алкалоид: Цветковски, Димевски 4, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 7, Илиески, Стојковиќ 4, Галевски, Иваноски 4, Симоноски 4, Омерагиќ 3, Трајковски, Тодески 3, Кофилоски 6
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 6 мин.


РК Вардар (Н): Ацев, Михајловиќ 2, Ташев, Ѓорѓев 1, Кузманов 5, Орешков, Петрески, Митевски, Ангелов, Емини, Петров 1, Кочаров 3, Пеовски 4, О. Јовановски, М. Јовановски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 2 мин. 

РК Алкалоид запиша уште една убедлива победа и го верификуваше пласманот на второто место во групата „А“ во прелиминарната рунда од Супер лигата на едно коло до крајот на оваа фаза од шампионатот. 

Денеска гостин во „Автокоманда“ беше екипата на РК Вардар Неготино. Натпреварот мина под целосна контрола на нашиот клуб. Поведоа ракометарите на РК Алкалоид со 5-2, па потоа следеше дел во кој гостите успеаја да се доближат на минус два гола (5-7). По ова следеше клучната фаза од натпреварот, а таа се играше во втората половина на првиот дел кога од 10-7 со серија од 8-2, РК Алкалоид стигна до водство од 18-9 што беше резултат на полувреме.


Серијата продолжи и во второто полувреме во кое Алкалоид уште на почетокот стигна до двоцифрена предност и водеше 21-10. 
Доминацијата продолжи до крајот до конечните плус 24, односно резултат 40-16.



РК Алкалоид на едно коло до крајот има недостижна разлика пред конкурентите за второто место и во Плеј оф разигрувањето ќе пренесе два бода. 
Во последното коло, Алкалоид на гостински терен ќе игра против екипата на Бутел Скопје. 

Вести

Со вложување во најмладите итаме кон реализација на нашите цели

Особено задоволство ни претставува кога можеме да ги поддржиме нашите најмлади во нивните обиди да живеат и да растат здраво и да се занимаваат со спорт. Основната задача која произлегува од целите што ги поставивме е создавање на врвни услови за талентираните ракометари максимално да ги развијат своите потенцијали и да постигнат најдобри резултати во младинските категории, а потоа да го пренесат тоа и во сениорската конкуренција.

Веруваме дека преку едукација и преку стручно усовршување е можно позначајно да се унапреди системот и да се очекуваат повисоки и врвни резултати од нашите спортисти во наредните години. 

РК Алкалоид годинава создаде поголема база, која, во согласност со амбициите и со целите, ќе се проширува и ќе се модифицира. Оваа година во нашиот спортски колектив имаме две пионерски, две кадетски екипи и една младинска екипа, со што вкупно имаме пет младински екипи, во кои настапуваат 98 пријавени ракометари. 

Овие играчи се натпреваруваат во три младински категории, а во моментов во младинската и кадетска категорија нашите екипи се на првите места.

РК МУЛТИ ЕСЕНС ПИОНЕРИ

РК МУЛТИ ЕСЕНС КАДЕТИ

РК АЛКАЛОИД ПИОНЕРИ

РК АЛКАЛОИД КАДЕТИ